Home Свет Како настана бегалската криза? Вистината низ осум причини

Како настана бегалската криза? Вистината низ осум причини

0
Како настана бегалската криза? Вистината низ осум причини

Бегалците од Сирија и земјите од Блискиот исток, летово ја преплавија Европа. Еве неколку причини поради кои настана најголемата бегалска криза од Втората светска војна.

Има многу причини за бранот од бегалци кои ова лето ја удри Европа. Американскиот „Вашингтон пост“ издвои осум факти поради кои мигрантите масовно се упатија кон стариот континент.

1. Војната во Сирија

миг1

Конфликтот во земјата трае веќе четири години и нема знаци дека наскоро ќе заврши. Не постои силна дипломатска активност која би ја сопрела тензијата. До сега во војната загинаа 250.000 луѓе. Затоа никој не треба да се чуди што луѓето масовно ја напуштаат земјата.

Покрај војната во Сирија, луѓето бегаат и од земји во кои владеат големи немири – Авганисан, Сомалија, Нигерија.

2. Патот до Европа

миг2

Сирија се граничи со Турција и бегалците преку земјата, потоа низ Грција, Македонија и Србија одат до посакуваната дестинација, во срцето на Европа.

3. Цената на транспорт

миг3

Порано бегалците патуваа преку Либија, а потоа со бродови пристигнуваа во Италија. Цената на еден таков транспорт изнесуваше меѓу 5.000 и 6.000 долари.

Криумчарите сега за префрлање на мигранти во Европа преку Балканот наплатуваат меѓу 2.000 и 3.000 долари.

 

4. Време

миг4

Временските услови се исто така важен фактор за зголемување на бранот на мигранти. Бегалците кои пешачат, настојуваат да го искористат летото.

5. Германското „Добредојдовте“

миг5

Одлуката на Германија да ја суспендира Даблинската регулатива, по која бегалците беа обврзани да бараат азил во првата земја во која што ќе се најдат, предизвика воодушевување меѓу бегалците од Сирија. Пораката на германската канцеларка Ангела Меркел која рече дека ќе им овозможи привремен престој на сите бегалци дополнително ги израдува мигрантите и ги наведе наместо други земји во западна Европа да ја изберат Германија како конечна дестинација.

 

6. Регрутација во Сирија

миг6

Сирискиот претседател Башар ал Асад кон крајот од минатата година наложи регрутација на сите резервисти помлади од 30 години. Голем број луѓе ја напуштија Сирија за да не бидат мобилизирани.

 

7. Сириската власт

Звучи контрадикторно со претходнаа причина, но сириската власт им го олесна начино за добивање на пасош. Исто така, на младите со плаќање на такса од околу 300 долари им беше овозможено да го одложат заминувањето во војска.

8. Меѓународна заедница

миг7

Пред големиот миграционен бран ова лето, претходно Сирија ја напуштија четири милиони луѓе. Тие заминаа во околните земји – Турција, Јордан и Либан.

Сепак, поради очајните услови во кои живеат во тие земји, а за што е одговорна и меѓународната заедница, мигрантите кои оваа година ја напуштија Сирија, порадо би се одлучиле за Европа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here