Трансформацијата на Меркел: Од челична дама до „мајка на бегалците“

Кога ја отвори вратата на својата земја пред илјадниците бегалци, германската канцеларка Ангела Меркел донесе одлука што би можела да создаде или да го сруши нејзиното политичко наследство.

merkel1

Мигрантската криза го потресе светот, а голем дел до европските земји немаат солидарен однос кон луѓето кои масовно доаѓаат од Блискиот исток, барајќи можност за мирен и подобар живот.

Кога во август го посети избегличкиот центар во Хајденау, град во источна Германија, Ангела Меркел помина некое време со бегалците од Сирија, слушајќи ги приказните за нивните трагични судбини. Од луѓето на кои им пружи прибежиште доби благодарност, прегратки и бакнежи, потсетува Блиц.

merkel2

Од друга страна, пред камерите се собраа голем број од оние кои на прифаќањето на бегалците не гледаат добронамерно, а Канцеларката ја нарекуваат предавник на нацијата.

Сепак, Меркел одлучи да остане на ставот, дека вратата на нејзината земја е отворена за бегалците.

„Ако треба да се извинуваме поради нашиот пријателски став кон мигрантите, тогаш тоа не е мојата земја“, изјави Меркел на конференција во Берлин.

На тој начин нејзиниот имиџ се промени за 180 степени – од немилосрдна кројачка на судбината на Грција, до „Мајка Тереза“ за бегалците од Сирија.

merkel3
Германија, која веќе некое време е „ветената земја“ за работници од Шпанија, Грција и Италија стана дестинација од соништата и за бегалците.

Министерството за внатрешни работи наведе дека во земјата до крајот на годината ќе влезат вкупно милион бегалци, што го потврди и вицеканцеларот Сигмар Габриел.

Ангела Меркел ја повика Европа да покаже солидарност и емпатија, мислејќи на фер распоредување на мигрантите во сите земји. Апелот, барем за сега, не вроди со плод.

Најекстремен пример е оној во Унгарија, чиј што премиер ги блокира границите и подигна ограда.

Уште на темата: Нов бран од 35 милиони бегалци се упатува кон Европа

- Реклама -