Што е она што медиумите не го објавуваат за мигрантите

Како одговор на западните медиуми и нивното известување за бранот од бегалци на патот кон Германија, на интернет се појави видео кое носи наслов „Избегличка криза: Што е она што навистина се случува, а медиумите го кријат од нас!“

Авторите на видеото говорат дека постојат неколку работи што би требало да ги знаат сите за бегалците кои деновиве доаѓаат во Европа.

Пред сè, се вели дека војната ја започнале САД, а тие сега се први на листата кои „тагуваат“ за судбината на мигрантите.

Покрај тоа се додава дека хуманитарните организации всушност перат огромни пари и заработуваат на судбината на овие луѓе.

Исто така, се тврди дека поголем дел од мигрантите всушност не се од Сирија. Се поставува и прашањето зошто, на пример, Израел не ги прифаќа бегалците.

Се пласира и информацијата дека Сиријците имале одличен живот пред да започне војната, како и тоа дека Сирија е родно место на цивилизацијата.

Во секој случај, во поплавата на западните медиумски извештаи за кризата, вреди да се дознае како на овој проблем гледа режимот на  Асад.

Преводот на видеото е на српски јазик.

- Реклама -