Кајмакоски: Името го добив по Даниел Поповиќ, а сега сум на негово место

СПОДЕЛЕТЕ

Нашиот претставник на 60-тото издание на Евровизија, која ќе се одржи во Виена, Даниел Кајмакоски изјави дека му е чест што учествува во овој јубилеен натпревар на кој речиси сите учесници настапуваат со вистинкси хитови, додавајќи дека ќе има жестока конкуренција.
Во виенската сала „Штатхал“ за време на вчерашниот ден се одржаа првите проби на кандидатите, меѓу кои е и претставникот на Македонија, Даниел Кајмакоски.

На конференцијата за новинари откри дека името го добил по Даниел Поповиќ, некогашниот претставник на поранешна Југославија на Евровизија, кој постигна значаен успех, бидејќи неговата мајка била голем обожавател на овој пејач и неговата песна „Џули“.

– Мојата мајка ми го даде тоа име, како да претчувствувала дека ќе учествувам на Евровизија- рече Даниел како шега, додавајќи дека неговата мајка му била најголема поддршка кога изгубил надеж во музиката.

Што се однесува на песната со која настапува, таа е на англиски јазик, како што вели, бидејќи на македонски не успеал да ја раскаже приказната како што сакал.

– Горд сум што сум дел од Евровизија оваа година. Сите имаат добри песни, големи хитови. Ќе биде тешко за сите нас- заклучува тој.

Во текот на овој ден продолжуваат генералните проби за првиот полуфинален натпревар.

- Реклама -