Роналдо покажа дека знае да танцува

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот.

Носителот на „Златната топка“ покажа дека се снаоѓа доста добро и во танцот.

Фудбалерот, кој неодамна се раздели со Ирина Шајк, ги демонстрираше своите танчерски вештини во видео реклама на неговиот бренд за обувки – CR7 by Cristiano Ronaldo.

Прочитај повеќе: Кристијано Роналдо ја објави својата колекција на обувки

Во видеото, насловено „Блеснете во моите чевли”, Кристијано  танцува на диско музика, потоа прави кратка пауза па дури и го имитира познатото Месечево движење на Мајкл Џексон.

Роналдо има работено во целиот процес на создавање на чевлите, а како вели  тоа му е сонот. Колекцијата е поделена на луксузни, премиум и основни модели за мажи и момчиња и вклучува обоени чизми, чевли и  мокасини.

- Реклама -