Раде Шербеџија стана Македонец

Ѕвездата на балканската и холивудската кинематографија аплицирала за макендонско државјанство уште од почетокот на минатата година.
Според медиумите, актерот Раде Шербеџија неодамна добил македонски пасош. Тој веќе има хрватски и словенски пасош, а благодарение на законот од 1992 година, според кој секоја личност која допринела за развојот на Македонија има право за нејзино државјанство, Раде добил и македонско.

Со оглед на фактот дека има играно во многу македонски претстави и филмови, Шербеџија го исполнил условот за добивање на македонски пасош.

Актерот неодамна влезе во кавга со т.н. Седиште за одбрана на Вуковар, Хрватска, кои јавно му се заканија дека е предавник поради дружењето со актерката Анџелина Џоли, и поради тоа повеќе не е добредојден во Хрватска. Се претпоставува дека поради оваа закана Шербеџија одлучил да аплицира за македонски пасош.

Актерот исто така, најавил тужба против оваа организација, затоа што „повеќе му е тешко да се справи со тоа“.

- Реклама -