Џеј Зи има 50 години?

Иако за медиумите важи дека Џеј Зи е во своите рани четириесетти, па дури и на неговата Википедија страница пишува дека има 44 години, еден популарен американски радио водител тврди дека тоа всушност не е точно.
Водителот и Ди-Џејот Трои Тораин тврди дека тој и познатиот рапер се врсници и дека Џеј Зи всушност има 50 години.

– Можеби ова не треба да го зборувам јавно, бидејќи тој не би сакал тоа да го спомнува во јавноста, но Џеј Зи и јас сме врсници, тој на 3-ти мај ќе наполни 50 години. Оваа приказна дека има 43 години или 44, тоа се само медиумите и нивните с*ања!- изјавил неодамна водителот.

- Реклама -