Еден од највлијателните парови во светот

Списанието „Time“ оваа недела објави некои од имињата кои се најдоа на нивната листа на 100 највлијателни луѓе на светот.

Така, на листатa меѓу американскиот претседател Барак Обама и oскаровецот Даниел Џел Луис, се најде и Џеј Зи, а тој и споругата Бијонсе се најдоа меѓу највлијателните парови на светот.

„Тука станува збор за личности кои ги инспирираат другите луѓе“, стои во воведниот дел на ова издание.

Освен нив на листата се нашле и Кристина Агилера, Френк Оушн, Џастин Тимберлек, папата Франсис и Линдзи Вон.

Џеј Зи неодамна беше прогласен за еден од најбогатите продуценти и музичари во светот на шоу бизнисот, а сопругата Бијонсе која оваа недела одржа фантастичен концерт во Белград, не е далеку зад него.

- Реклама -