Еве зошто дамите го обожаваат Киано Ривс (Видео)

Без разлика на тоа дали ви се допаѓаат неговите актерски вештини или не, Киано Ривс плени со својата скромност и совршени манири.

Главниот актер од „Матрикс“ е познат по неговите навики карактеристични за луѓето кои не се занимаваат со неговата професија и немаат статус на „ѕвезди“. Всушност, тој ниту малку не наликува на неговите колеги, дури и на оние помалку познати од него.

Користењето на Ривс на јавниот превоз не е никаков новитет, но ова видео случајно ја лови и неговата пристојност. Имено, во моментот кога во метрото застанува до него една дама, тој одлучува да и го отстапи своето место за таа да седне.

Инаку, во моментов Киано се наоѓа во Токио, каде, иако се обидува да го помине своето време како обичен турист, сепак, благодарение на фановите, ова и не му оди баш од рака.

- Реклама -