Повеќе не се кријат – Младиот принц е во врска со ќерката на Кустурица

СПОДЕЛЕТЕ

Александар III и Дуња Кустурица пристигнаа заедно на прославата на 70-тиот роденден на претстолонаследникот и потврдија дека се заљубени.
Иако со месеци успеваа да ја сокирјат својата врска од јавноста и медиумите, Александар III и Дуња Кустурица на прославата на 70-тиот роденден ан Александар II Караѓорѓевиќ во Белата палата покажаа дека нивната љубов цвета.

dunja kusturica02_RAS_foto rajko ristic_1000x0

Синот на српскиот претстолонаследник и ќерката на познатиот режисер Емир Кустурица и понатаму не сакаат да дадат никаква изјава за нивната врска, но очигледно е дека им оди добро како што треба.

Александар веќе една година живее во Белград и, како што неодамна изјави за српските медиуми, минатата година пристигнал во време на големите поплави со желба да помогне, но набрзо одлучи да остане засекогаш во Србија, и тоа поради една девојка.

– Мојата девојка е Србинка. И среќен сум што ја имам покрај себе. Поради неа сум подобар човек и поробар Србин- рече принцот, не откривајќи дали тоа се однесува за Дуња или за некоја друга девојка.

Дуња, уште потивка и подискретна, не откри ниту толку. Таа се образуваше во Франција, се посвети на ументноста и во помагање на својот татко со организацијата на Кустендорф.

2066687-900-674

Очигледно, сега почна да работи на обврските на своето семејство и семејството на своето момче, па така постариот брат на Александар, Петар го дизајнираше рекламниот постер за „Бољшој фестивал”, организиран од страна на семејството Кустурица.

Александар, и покрај својата сина крв, работи и сам се оддржува во Белград, што не е баш лесно. Тој до пред неколку месеци имаше еден бар во центарот на градот, но таа работа му пропадна.

- Реклама -