Дали четките за заби можат да пренесат болести?

Бактериите и вирусите можат да се задржат на четката за заби во периодите кога сте болни, па затоа логично би било тие да се пренесат повторно. Сепак, не e сè толку едноставно…

Задржувањето на вирусите на четката за заби обично е од неколку часа до неколку дена, во тој период организмот сè уште има активни антитела за одбрана од тој вирус и не е толку лесно вирусот повторно да се насели во организамот.

Но, ова е сосема различно кога се работи за бактерии бидејќи бактериите со својот многу активен метаболизам можат да се задржат и подолго на четката за заби и да не можат лесно да се убијат. Затоа добар дел од научниците сметаат дека по прележувањето на одредени бактериски болести четката треба да се фрли и да се замени со нова.

Сепак, пренеувањето на бактериите и нема да биде толку едноставно доколку се придржувате на правилата на правилна орална хигиена како што се:

  • Користењето антибактериска паста за заби
  • Редовно и правилно миење на четката
  • Замена на четката на секои 2-3 месеци
  • Избегнување употреба на туѓа четка за заби

Миењето заби секогаш треба да биде правилно, а посетата на стоматолог редовна. Четката секогаш треба да ја менувате и да ја оставате на чисти и суви површини за да не создадете поволни услови за развој на бактериите.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -