Погледнете кои се во трка за најдобрата македонска песна на годината

СПОДЕЛЕТЕ

„ Тажна љубов, среќна песна“ на Тамара, „Само тоа го можеш ти“, на Димитар Андоновски, „Мандарина“ на Влатко Лозановски, „Земи ме“ од Кристина Арнаудова, Нокаут и „Добро утро будење“, Сара Мејс со „Врне врне“, Тајзи со „Дома си е Дома“, Лоба „ Само мој“… се дел од песните во трката за најдобра радиска песна (МАРС).

Овогодинешното доделување на  МАРС наградите е закажано за 25 ноември во Универзалната сала.

По пат на радио селекција се најдоа во конкуренција овие хитови, а ќе победи песната која се нашла на најголем број листи на македонски хитови, во вкупниот број на радиостаници во Македонија.

Победникот ќе добие 60 илјади денари и бесплатно користење на Универзалната сала за концерт во 2015 година.

Гости ќе бидат Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ, Даниел Кајмакоски.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ