Игор Митровиќ ќе се вика Дони Пиксел

СПОДЕЛЕТЕ

Новата песна на Игор Митровиќ ќе биде пуштена на дури 5.000 радио станици во повеќе од 130 земји во светот.Игор наголемо се подготвува да направи светска кариера, а дека тоа е така говори неговиот најнов хит  „The summer’s not over“, чиј комплетен автор е Александар Масевски (музика, текст, аранжман и продукција).

Имено, дистрибутерски сервис и радио „Radio Express” решиле да го промовираат нашиот пејач, од причина што ја слушнале песната и предвидуваат дека истата има претензии да стане мега хит.

Песната ќе се најде на многубројни компилациски CD-a, каде што Игор ќе се најде на исто CD со Beyonce, Katy Parry, Chris Brown, Rihanna и уште многу други светски познати имиња.

Инаку името под кое Игор ќе го освојува светот е Дони Пиксел.

Му посакуваме голем успех!

- Реклама -