Не чека пеколно жешка есен: Жештините и поплавите ќе траат до ноември

По жешкото лето, голем дел од централна и источна Европа за време на есента ќе следат континуирани високи температури.
Несекојдневната топлина на нашиот регион ќе продолжи во текот на септември до ноември, смета метеорологот на AccuWeather, Алан Раперт. А тоа, додава тој, ќе предизвика поројни дождови.
Невремето ќе се пренасочи од Италија накај јужниот дел на Балканот, каде може да се задржи и неколку дена.
Метеорологот Тајлер Рос прогнозира дека јужниот дел на Балканот и Франција, Португалија, Шпанија и Италија, ќе бидат на удар на активен премин на бура, која ќе предизвика натпросечна количина на врнежи. Тоа ќе биде ризик за одредени области на Италија и Балканот, кои претходно имале проблеми со поплави.
„Најголем ризик од поплави ќе има околу планината Динара, на апенинскиот полуостров и дури и на јижните падини на Алпите“, вели Роуз.

- Реклама -