Паралелниот свет во одразот

Не е потребно задолжително да поседувате професионален фотоапарат, за да создадете квалитетна и оригинална слика.

Ова се обидува да го докаже Гуигуруи, кој на “Инстаграм” често објавува кадри снимени со неговиот паметен телефон.

Тој создава интересна серија, во која вклучува фотографии на вирчиња. Штом падне дожд, Гуигуруи е исклучително радосен, бидејќи ќе успее да ѕирне во паралелниот свет кој може да се види во одразот на речиси секое вирче.

Погледнете ги најинтересните кадри кои Гуигуруи успеал да ги направи во различни градови. За време на следниот дожд не седете дома намуртено и фрлете го погледот во некој вир –  можеби ќе пронајдете интересен одраз 😉

1_1440507823 2_1440507823 3_1440507826 4_1440507828 5_1440507829 6_1440507829 7_1440507830 8_1440507832 10_1440507832 11_1440507833 12_1440507834 13_1440507835

- Реклама -