Home Букаке Забава Италијанските проститутки ќе носат флуоросцентни елеци

Италијанските проститутки ќе носат флуоросцентни елеци

0
Италијанските проститутки ќе носат флуоросцентни елеци

Уличните проститутки во малото италијанско градче Спино д’Ада ќе мораат да носат флуоросцентни елеци, во спротивно ќе треба да плаќаат казни високи и до 500 евра. Причината е чисто безбедносна, за добро на самите „кралици на ноќта“, а целта е да се лесно забележливи во мракот покрај патиштата. Ставот е дека сексуалните работнички треба да изгледаат како и сите други работници што работат на истите.

„Секс работничките треба да се третираат како било кој вработен работник на патиштата и да носат повпечатлива гардероба. Го завршивме нарцт-законот и се надеваме дека ќе биде прифатен во септември“, изјави Лусијано Сингаглија, заменик градоначалник на Спино д’Ада.

Казните говорат дека намерите се сериозни и дека ова може да се претвори во тренд и надвор од Италија. Некои сметаат дека ваквата одлука е супер оружје во борбата против проституцијата – ако не можеш да ги победиш, натерај ги да носат смешна облека и посрами ги нивните клиенти. Други пак, ја прифатија како чисто либерален потег во полза на жените што ја работат „најстарата професија“.

Патем, Сингаглија малку и се пошегува, повикувајќи ја клиентелата да внимава да не ги помеша проститутките со градежните работници. Читано меѓу редови: ќе игра лопата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here