Метеоролозите тврдат: 2015-та е најжешка година во историјата

СПОДЕЛЕТЕ

Според најновите податоци на хидрометеоролозите, 2015-тата ќе биде најжешката година во историјата на мерење на глобалната температура.

Во извештајот на Националната американска администрација за океани и атмосфера (NOAA) се наведува дека првите 6 месеци од годинава, во просек, биле најжешките во последните 136 години. Дополнително, како што нагласи портпаролот на NOAA, на повидок нема знаци дека растот на температурата ќе забави/застане.

Просечната глобална температура за јуни изнесувала 16.33 степени Целзиусови, што е зголемување за 0.12 степени во однос на ланскиот рекорд.

„Ова е големо зголемување“, велат претставниците од NOAA, кои се речиси сигурни дека 2015-та година ќе биде рекордна по високите температури на глобално ниво.

Во прилог на ова тврдење одат и податоците од Алјаска, каде пак минатиот месец беа регистрирани сериозни аномалии и најниска температура во последните 100 години.

- Реклама -