Зошто нема женски Миниони?

Колку и да гледате во купот преслатки Миниони, нема да најдете ниту едно женско. Или не постојат, или ќе ги видиме во некое следно продолжение.

Па, одговорот е во тоа што девојките обично се препаметни, пречувствителни и преразумни за да можат да им бидат помошници на супер-негативци. Кога би морале да бидат вклучени во една таква приказна, женските веројатно би биле во улога на самите супер-негативци. Ова е барем она малку што може да се извлече од интервјуто за The Wrap, во кое креаторот Пјер Кофин објасни зошто постои само еден пол кај жолтите мали помошници:

„Гледајќи колку често се глупави и непромислени (Минионите), едноставно не можев да ги замислам како женски“, рече Кофин.

Ништо страшно. И онака овие мали суштества потекнуваат од пред милиони години и настанале како едноклеточни организми, кои потоа со проста делба се поделиле во уште повеќе едноклеточни организми, избегнувајќи ја потребата од мајка Минион.

- Реклама -