Најдобрата работа во светот: За двонеделно гледање во трева – 1000 евра!

СПОДЕЛЕТЕ

Најдобрата работа во Хрватска, ако не и во светот, се состои од… седење под сенка и гледање во трева. Ја доби Зоран Станко од Иваница – вљубеник во природата и алпинист, откако ја шармираше комисијата со своето оригинално писмо. Поточно, неговата единствена работа е да ја надгледува „Хајди“ – автономна роботизирана косилка за трева, и од време на време да и ги наполни батериите. Дружбата започна на 29 јуни, а договорот му истекува утре (12 јули). За неговата макотрпна работа… или поточно, трпеливост, тој ќе биде платен со неверојатна сума од 7.500 куни, т.е. околу 1000 евра.

За работата се пријавил откако една пријателка му го пратила огласот, во момент кога му истекувал договорот во претходната фирма во која работел.

– Сакам да бидам во природа и немав што да изгубам ако се пријавам. Во молбата се трудев да бидам што пооригинален и набрзо ми се јавија да ми кажат дека сум поминал во вториот круг, раскажува Зоран.

Zoran-Stanko-3[1]

„Од мал научив дека на дворовите, тревниците и овоштарниците треба да се однесуваме со големо внимание и грижа. Мразам суша, а сакам дожд, мразам кртови, а сакам глисти. Првата играчка ми беше моторна косилка за трева. Сметам дека гледањето трева како расте треба да стане олимписка дисциплина“, напишано е во писмото што го лансираше Зоран како најдобар од 13-те кандидати кои влегоа во финалниот избор.

„Имавме одлични финалисти. Сепак, Зоран покажа многу знаење околу роботската косилка, беше исклучиво симпатичен и на крајот одлучивме дека тој е нашиот тревочувар“, велат од компанијата што го отвори работното место.

– Еве, косилката работи, јас ја надгледувам, а за ден-два ќе ги имаме и првите резултати од работата. Хајди не се буни, бојата и е бела и од време на време треба да и се наполнат батериите. Мојата работа е да внимавам на Хајди – вака Зоран го опишува работниот ден од негова лична перспектива.

- Реклама -