Трите убедливо најизбувливи знаци во хороскопот

СПОДЕЛЕТЕ

Не ја закачај мечката додека спие, а особено не откако ќе ја разбудиш…

Секој различно се справува со лутината. Некои остануваат смирени, некои трпат одредено време, а некои пламнуваат за секунда, и тоа за најситни причини. Овие третите пожелно е секогаш да носат предупредувачки ознаки од типот на „Опасност! Краток фитил!“, зашто поигрувањето со нивната лутина е еквивалент на играње со оган. Според зодијакот, тие таквите најмногу ги има во следниве три хороскопски знаци:

ОВЕН
Овенот е огнен знак и има итекако ниска точка на вриење. Она што за мнозинството е незабележлива ситница, Овенот може да ја доживее како напад на неговото его. Заради влијанието на Марс, Овенот е нетрпелив, а често и агресивен. Сепак, доброто е што колку брзо се лути, толку брзо и му поминува лутината, дури и кога се крупни нешта во прашање. Накратко, неговите напади на бес се многу бурни, но штом ќе поминат, Овенот се преобразува во тоталната спротивност.

ЛАВ
Лавот е нешто поблага варијанта на Овенот. Умее да се раздразни за ситници, но и Лавот прилично брзо заборава. Праведен е и се труди секогаш рационално да ја согледа ситуацијата. Знае да попушти ако погрешил, макар што има и моменти кога едноставно мора да е сé по негово.

ШКОРПИЈА
Не им треба многу за да се налутат. Кога ќе се разбесни, Шкорпијата е потполно спремна на ниски удари – провоцира, навредува, а не и е проблем ни физички да нападне кон оној што ја налутил. Некогаш ни тоа не е доволно – потребата за освета е огромна, а Шкорпијата лукаво и долго ќе го кова својот план, за да го спроведе кога ќе бидете најранливи.

- Реклама -