Трагично загина авторот на музиката на „Титаник“ и „Храбро срце“

СПОДЕЛЕТЕ

Џејмс Хорнен (61) еден од најдобрите автори на филмска музика загина во авионска несреќа во близина на Санта Барбара.

Смртта на композиторот ја потврди и неговата асистентка Силвија Патриша.

„Изгубивме неверојатно таленитрана личност со големо срце. Почина работејќи на она што го сакаше. Ви благодарам на поддршката и љубовта“.

Хорнер летал со мал авион, кој засега од непознати причини падна на локацијата оддалечена околу 100 километри од Санта Барбара.

Тој го има два пати освоено престижниот Оскар, во делот за филмска музика.

Да се потстиме на музиката која се најде во неколку легендарни филмски парчиња.

- Реклама -