Kул идеи за домашен сладолед

Најлесен начин да се подготви сладолед е да се замрзне овошје.За вас собравме неколку едноставни рецепти, кои содржат класични вкусови и неочекувани комбинации.

Лубеница + домати + пипер

Oва е чудно, интригантно и ве предизвикува да експериментирате: во блендер се мешаат лубеница и домати. Сокот се става во калапи. Во секоја форма, можете да додадете парче од пиперка.

Сок + киви + мед

Измелете киви во блендер и измешајте ги со некој од вашите омилени сокови. Засладете ги во мед и ставете ја смесата во калапи.

Чоколадно млеко  – Орео колачиња

Целер + босилек

Незасладен, но освежувачки сладолед може да се подготви од целер. Се меша во блендер со босилек.

Кокосово млеко + боровинки

Тие растат на различни географски широчини, но заедно се вклопуваат совршено: боровинка со кокосово млеко.

Авокадо + лимон +  кокосово млеко

Друга авантура: Направете сок од два лимони и измешајте ги со авокадо и кокосово млеко. Евентуално, може да додадете шеќер.

Манго + јагода

Ставете манго во блендер, додадете вода и ставете во калапите парчиња од јагода.

Малина + јогурт

Во блендер, се мешаaт јогуртот и малините, а потоа се ставаат во калапи.

Ананас + боровинки + банана + јагода + јогурт

Ова е направено врз принципот на “колку повеќе, толку подобро.” Се меша во блендер сок од ананас, боровинки, банани, јагоди и јогурт.

- Реклама -