Пицерија ја испорачува нарачката во кутија со проектор за филмови

СПОДЕЛЕТЕ

Сакате да јадете пица, додека гледате филм?

Од Pizza Hut одлучија да направат производ за таа цел. Новата кутија Blockbuster Box нуди неверојатна зделка. Кутијата во која се наоѓа вашата пица, располага со проектор за филмови, што се поврзува со вашиот smartphone.

Пред да го „завртите“ бројот и да нарачате вечера од Pizza Hut, бидете сигурни дека сте во Хонг Конг. Ова е единственото место на планетата, на кое што засега се нудат овие иновативни кутии.

1

Тие се дел од маркетинг стратегијата на компанијата, а истите се дизајнирани од Ogilvy Hong Kong, од каде доаѓа и идејата.

Како работи проекторот?

2

Прво ја вадите пицата од кутијата. Потоа правите дупка во неа, како што е прикажано на сликата. Го ставате објективот во дупката, во која ќе се прикажува филмот. Го ставате смартфонот во кутијата и го пуштате филмот.

3

Кутијата располага со QR кодови од надворешната страна, од каде може да симнете бесплатен филм, а жанрот зависи од тоа каква била вашата нарачка.

pizza-hut-blockbuster-box

Loaded Box е за акционите филмови, Slice Night е за хорор, Hot & Ready за романтични филмови и Anchovy Armageddon за научна фантастика.

Текстовите во Адвертајзинг се поддржани од ViaMarketing.

- Реклама -