Клиентите сами ќе го изберат името на новиот модел на Subaru

Subaru побара помош од клиентите и фановите на брендот за изборот на име на новиот кросовер, кој треба да стане наследник на моделот Tribeca.

 

Според информациите, шефовите на јапонскиот производител се „сопнале“ на 7 имиња. Меѓу нив се Ascent, Centauri, Columbia, Cypress и Meridian. Целта е името да биде прифатено најдобро на американскиот пазар, кон кој ќе биде наменет моделот. Од Subaru веќе најавија дека наследникот на Tribeca ќе нуди повисоки луксуз и комфор од својот претходник. Моделот ќе биде со 7 места, а токму тоа е една од главните причини да биде наменет претежно кон клиентите во Северна Америка.

Очекувањата се идниот теренец да има поголеми димензии од караванската верзија на моделот со погон на четири тркала – Outback. Главните конкуренти на машината на Subaru ќе бидат Honda Pilot, Nissan Pathfinder и Toyota Highlander. Целта на дизајнерите е тој да се разликува од нив на изглед, а од компанијата најавуваат многу новини и на технолошки план.

 

- Реклама -