Овој 55-инчен LG екран се лепи на ѕид како да е постер

LG постојано изненадува со сé поимпресивни екрани, а овој не е исклучок. 55-инчниот OLED Панел е само 0.97 милиметри дебел, а може да се отстрани од неговиот вграден магнетен ѕид како да е постер (или тапет).

Екранот беше презентиран на вчера (вторник), на LG настанот во Јужна Кореја. Тежи само околу 1.8 килограми и е видливо потенок од сите постоечки OLED екрани, што пак сугерира дека најголемиот дел од електрониката е сместена некаде на друго место – можеби во вградувачкиот магнетен држач.

Сега за сега, нема информации дали овој панелен дисплеј ќе доживее комерцијално производство и продажба. Веројатно се работи за презентирање на моменталните достигнувања и способности на LG. Во прилог на ваквата теза оди фактот што дури и ако би бил на продажба, овој екран би бил достапен само за мал број луѓе, најмногу заради тоа што користи OLED панел, кој од една страна е импресивен, ама и многу многу скап.

- Реклама -