Home Локал Локално Мирен и масовен протест пред владата

Мирен и масовен протест пред владата

0
Мирен и масовен протест пред владата

Мирно и без инциденти, минува граѓанскиот протест пред Владата, на којшто се собрани илјадници граѓани кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски.

Меѓу транспарентите што ги носат граѓаните на протестот се и: „Ти нема спас од народниот глас“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“ и многу други во кои се цитира Уставот.

На собирот можат да се забележат македонски, албански, србски и турски знамиња, како и знамиња од другите помали етнички заедници.

Меѓу говорниците на протестот се обратија студенти, режисери, дипломати и европарламентарци и сите побараа оставка од оваа влада и враќање на слободата на народот.

„Ние не сме овде да поддржиме политичка партија. Значајно е што се зборува, а не кој го кажува тоа. Ние секогаш ќе бидеме коректив на власта. Порачаа студентите кои побараа квалитетен демократски систем на образование и еднаква правда за сите.

Џабир Дерала, активист од невладината Цивил рече дека во Маедонија дојде време на слобода, храброст и еднаквст.

„Ни текна да се соединиме и човечињата и Шиптарите и Индијанците. Да се соединиме и да ти кажеме збогум Никола“, порача Дерала.

Поранешниот амбасадор и преговарач за името, Никола Димитров, рече дека има еден избор „оваа власт или Македонија“.

„Фала ти Груевски што не обедини да го браниме Уставот, да бараме одговорност“, рече Димитров.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here