Со малку итроштина, до повеќе сладолед

„Обожавам сладолед, ама сакам помалку сладолед“ не рекол ама баш никој во историјата. Напротив, секоја бонус количина од ова слатко и освежително задоволство е повеќе од добредојдена.

Постои мал трик при нарачувањето на сладолед во топки, со кој ќе добиете значително повеќе количински, отколку кога би порачале како што тоа обично го правите. Штосот е: кога ќе сакате 2-3 топки сладолед, вие правете се „на Тошо“ и порачајте една топка. Дури откога продавачот/ката ќе го наполни корнетот со првата, правете се дека сте се премислиле и побарајте уште една или две.

Разликата е евидентна.
Разликата е евидентна.

Да ги тргнеме настрана теориите дека продавачите се стремат да ви продадат што помалку за што повеќе пари. Се работи претежно за чисто интуитивен потег кај оној што го полни корнетот. Ако побарате една топка, ќе ја добиете во реалната големина. Но, ако побарате три топки одеднаш, продавачот потсвесно ќе ја направи првата топка помала, со цел да има место да додаде уште сладолед, а притоа корнетот да има некаква естетика и рамнотежа. Ако постапите итро (како што ве советуваме), првата топка ќе содржи безмалку двојно повеќе сладолед. Корнетот пак ќе биде уреден како што треба, со тоа што сладоледџијата ќе ја потисне таа есктра количина малку подблабоко во корнетот.

Уживајте во слатките измами. 😉

- Реклама -