Живот на дрво: Отфрлил се, ги собул чевлите и сега само ужива

Метежот, стресот и стремежот кон полуксузни материјални добра понекогаш знае да биде навистина исцрпувачки.. Токму вака се чувствувал Мик Џорџ, кој одлучил дека повеќе не сака да живее на тој начин. Иако имал неколку куќи, автомобили и добра работа, тој почувствувал дека неговиот моментален живот не го прави среќен.

Во 1991 година тој одлучил дека повеќе не сака да живее во модерното опшстество кое го опкружувало сиот живот. Мик се поздравил со неговите најсакани, со семејството, и се откажал од се што имал. Без речиси ништо со себе, заминал кон шумските предели, каде го дочекал нов и посреќен живот…

- Реклама -