Колку дрва се потребни за да го испечатиме целиот Интернет на хартија?

СПОДЕЛЕТЕ

Што ако се најдеме во ситуација да треба да го спасуваме Интернетот печатејќи го на хартија? Обичниот корисник тешко дека размислува на вакви теми, ама дел од научниците на универзитетот во Лечестер, кои очигледно немаат попаметна работа, решија да ја истражат темата.

Во просек, за принтање на една страна на Wikipedia би биле потребни 15 листови во А4 формат. Се претпоставува дека „видливиот“ интернет, исклучувајќи ги сите оние темни ќошиња на мрежата, содржи околу 4.54 билиони страни, и дека секоја веб страна е долга колку еден просечен текст на Wikipedia.

Тоа би значело дека за да се испечати сета пишана информација на Интернет, би биле потребни околу 68.1 билиони листови хартија. За да се направи толку многу хартија, би било потребно да се исечат повеќе од 8 милиони дрва.

tree+to+paper[1]

Како тоа би се одразило на животната средина?

Најголемата дождовна шума – амазонската, се состои од околу 400.000.000.000 (четиристотини билиони) дрва. Би биле потребни 2% од целата таа шума за да се добие потребната количина дрва. Сечењето на дрвата би траело речиси цела година. Од друга страна, процентот делува мал, но треба да се има во предвид дека светот сече отприлика 900 милиони дрва, годишно!

И да потсетиме, сето ова го покрива само текстот и сликите поставени на Интернет. А замислете само кога би требало да го испечатиме сиот програмерски код што стои зад секоја од содржините на мрежата…

- Реклама -