Билборд на точење

„Можеби најдобриот рекламен постер на светот“.

Големиот билборд во Лондон, немаше да биде ништо посебно, ако во неговиот центар не беше монтирана мала чешма. Од неа минувачите можеа да си стават во чашите бесплатно пиво.

Надворешната рекламна кампања е на данскиот бренд за пиво Carlsberg, а кампањата е дело на агенцијата Mission Media.

Билбордот бил монтиран на Старата пивара Труман (The Old Truman Brewery) на “БРИК Лејн” во англиската престолнина. На местото имало и претставници на компанијата, кои следеле дали во редиците за пиво, нема лица под 18-годишна возраст.

Што е подобар начин да го привлечеш вниманието од тоа да подариш нешто бесплатно, нели?

21aa_10 22aa_13 23aa_10 24aa_9

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

- Реклама -