Хакерите можат да ви го уништат смартфонот додека се разминувате – Исклучете го WiFi-то

Како што демонстрираа истражувачите на RSA конференцијата за безбедност во Сан Франциско, хакерите можат лесно да ви го онеспособат iPhone-от или iPad-от, и тоа додека се разминувате.

Тимот на Skycure, компанија што се занимава со безбедност на технологијата, демонстрираше напад наречен „No iOS zone“, кој ќе предизвика рушење на системот („краш“) на било која направа во Wi-Fi рангот/радиусот на хакерот. Таквиот напад многу лесно може да предизвика вашиот гаџет никогаш повеќе да не може да биде вклучен.

Сево ова може да се случи и без корисникот да проба да се закачи на мрежата. Наместо тоа, нападот се базира на тоа што Ајфоните автоматски ќе се конектираат на хот-спот локациите креирани од вашата мобилна мрежа, автоматски претпоставувајќи дека е безбедна.

истражувачите креираа лажна хот-спот локација на која смартфоните автоматски се поврзуваат, а потоа ги бомбардираа уредите во радиусот со лажни безбедносни сертификати, предизвикувајќи нивните оперативни системи постојано да паѓаат.

Хакерите би можеле да креираат вакви локации буквално насекаде, а сé што би им требало би била пренослива компјутерска опрема – лаптоп.

Сé до моментот кога Apple ќе објави официјално софтверско решение, единствен начин да останете безбедни е да го исклучите WiFi-то на телефонот кога сте надвор и не го користите.

- Реклама -