Ова мало топче ќе ги замени иглите во медицината

СПОДЕЛЕТЕ

Се плашите ли од игли?

Нов изум ја елиминира потребата од нив, што се однесува до земањето на крв.

Ова е дело на компанијата Tasso и ќе се појави на пазарот во текот на следната година. Во моментов пронајдокот е во процес на усовршување.

Овој мал уред – со големина на топче за пинг-понг – користи вакуум за да земе крв. Целиот процес трае две минути.

Според пронаоѓачите, неговата употреба е речиси безболна. Освен тоа тоа сериозно може да ги намали трошоците на компаниите кои работат во оваа област на медицината.

Компанијата доби 3 милиони долари од DARPA – владина агенција на Министерството за одбрана на САД, која се занимава со развој на нови технологии во американската армија, за да развие практичен изум.

tasso

- Реклама -