CEED 2015 од Webit- Бугарија повторно е домаќин на најголемиот самит за Централна и Источна Европа

На седмата година по ред, на 21-ви и 22-ри април CEEDS’15 by Webit ќе ги пречека најдобрите европски претпријатија и новоформирани бизниси (startups) на настан за дигитални, технолошки и медиа/рекламирање пазари со специјален фокус на Централна и Источна Европа.

Организаторите очекуваат над 300 учесници од 40 земји.

„Највлијателниот Дигитален и Технолошки собир за пазарот на Централна и Источна Европа“- The Wall Street Journal.

Учеството на заменик-претседателот на European Commission Digital Single Markets, Андрус Ансип, заедно со значајни имиња од технолошкиот, дигиталниот, маркетинг и новоформираните бизниси на сцена е сигурен знак за високото ниво на разговори и дијалог помеѓу бизнисите, екосистемот на новоформираните бизниси и ЕУ.

Повеќе од 100 говорници ќе разговараат што е Европа сега и што ќе се случи во наредните години, како и кои се добрите практики на Стариот континент. Индустриските лидери и новоформираните бизниси ќе работат заедно за да ја предвидат и изградат иднината на Дигитална Европа на CEEDS’15.

Оваа година CEEDS by Webit ќе биде домаќин на 3 главни паралелни сцени.

Техничкиот самит (The Tech Summit) ќе пречека главни службеници за технологија и главни директори за информации (CTO, CIO) од најголемите компании од Европа и регионот, како и невладини организации, новоформирани бизниси и претставници од мали и средни компании. Главните теми вклучуваат Internet of Everything, Digital Education, Digital Health, Big Data, Cloud, Business Intelligence, Security and Privacy, Money and Payments” споделено од Пламен Русев, претседалет на Global Webit серијата, како дел од CEEDS 2015 во Софија.

Самит за маркетинг и иновација (Marketing and Innovation Summit) ќе пречека маркетинг директори, извршни директори, и претставници од најголемите рекламатори, медиумски групи, рекламирачки мрежи, агенции и малопродажни брендови. Главните теми на оваа сцена ќе бидат дигиталната трансформација, видео, мобилен, програмско рекламирање, мобилни, метрикс, дигитална трговија, дигитална забава и медиум, укажување на социјални стратегии.

Самиотот „Enterprise2Founders Summit” е третиот главен настан како дел од CEEDS`15 каде претставници од највисоко ниво од најголемите компани од Европа ќе дискутираат за можностите за иновации, преку соработка со новоформираните бзиниси од регионот.“- изјавил Пламен Русев.

Друг дел од агендата на овој самит вклучува работилници и академски дискусии за развивачите и рекламаторите, GoViral Academy за прозводителите на содржина како и експо на новоформираните бизниси меѓу останатото.

- Реклама -