Дизајниран облакодер што не формира сенка

СПОДЕЛЕТЕ

Револуционерниот нов дизајн е дело на архитектите од NBBJ. Користејќи компјутерска програма тие дизајнираа облакодер составен од две комплементарни згради, чија улога е меѓусебно да си ја елиминираат сенката.

Проектот е наречен „No Shadow“, а е дизајниран така што кога едната од зградите формира сенка, другата служи како закривено огледало, овозможувајќи сончевата светлина да биде рефлектирана надолу кон сенката на другата кула.

Новиот облакодер е дизајниран во обид да се најде решение за прекумерното блокирање на светлината од страна на големите градби, при што голем дел од јавните површини во Лондон остануваат во сенка.

Се чини дека Лондон го очекува сончева иднина, а корист може да има и целото човештво. Архитектите најавија дека ќе ја модифицираат програмата, со што ќе се овозможи изградба на слични објекти и низ други градови, секаде низ светот.

- Реклама -