Знаете ли кој прв го забранил пушењето?

СПОДЕЛЕТЕ

Хитлер.

Нацистичката кампања против пушењето резултирала со забрана за пушење во трамваите, автобусите и возовите. Истовремено се промовирал здравиот живот, а особено меѓу војниците, кои дури посетувале и предавања на истата тема.

German_anti-smoking_ad[1]

Инаку, Адолф Хитлер и самиот бил страствен пушач во младоста. Пушел од 25-40 цигари дневно. Сепак, со време успеал да се ослободи од лошата навика, заклучувајќи дека пушењето е само беспотребно фрлање на пари. Во некои од писмата, Хитлер го нарекува пушењето „декадентно“ и искажува жалење што Ева Браун и Мартин Борман се пушачи. Загрижен бил и за Херман Геринг, кој непрестано пушел на јавни места. За сето тоа време, Хитлер не им ја дозволувал на војниците слободата да пушат, а своите пријатели ги наговарал да ги остават цигарите. Тие што ќе успееле, Хитлер фино ги наградувал.

image005[1]

Во однос на поврзаноста на пушењето и антисемитизмот и расизмот, одговорот е едноставен – нацистичката идеологија се залагала за концепт на хигиена и чистост на телото, како симбол на „супериорноста“ и стремеж кон „натчовекот“. Логично е што пушењето – како нездрава навика имала негативен прием во таквата идеја. Исто така, нацистичките лидери ги сметале пушачите за припадници на „пониска раса“, а тутунот го сметале за генетски отров. Се разбира, сето тоа е во согласност со пропагандата што нацистите ја ширеле за тоа дека Евреите се виновни за производството на тутунот и штетните последици кои ги предизвикува.

- Реклама -