10 задолжителни пара чевли за вработените жени

Изборот на чевли за работа е многу повеќе од истакнување на личниот стил – тоа е избор на изглед, кој испраќа соодветна порака. Вие сте професионална, уверена и подготвена да го освои светот – и чевлите треба да го покажат тоа. Овие 10 типа обувки се најважни во работната гардероба: од класични потпетици до удобните мокасини.

Без разлика дали сте нова во светот на бизнисот или пак завземате високо место во хиерархијата, следните десет пара чевли заслужуваат место во вашиот шкаф.

Црни

1(1004)

 

Можете да ги носите, како со здолништето, така и со панталоните. Тие ќе ви дадат малку поголем комфор од обичните високи чевли.

Потпетици во неутрална боја

2(1047)

Овој пар на чевли е едноставно задолжителен за бизнис гардеробата. Освен што ги продолжуваат нозете и одговараат на секоја поофицијална тоалета, тие се со неутрална боја – т.е., можете да ги комбинирате со сè.

Високи сандали

3(998)

Иако во некои компании не е вообичаено да се носат чевли со отворена пета – дури и во текот на летото, овие сандали се не само стилски, туку и удобни.

Пониски потпетици

4(924)

Ако поминувате доста време во движење или на нога, ова се идеални чевли за вашето работно секојдневие. Така ќе се задржи комфорот на нозете, но и линијата на облека.

Мокасини

5(823)

Има многу елегантни мокасини кои што изгледаат професионално.

Високи чизми

6(688)

Во есен и зима еден пар на високи чизми е задолжителен за гардероберот. Без разлика дали сакате да носите под или над коленото, тие ќе ги заштитат нозете од студот.

Чевли со дезени

7(610)

Змиска кожа, леопард дезени – не е важно што ќе изберете: овој пар на чевли ќе ги натера околните да ве забележат. Тие не се комбинираат со секоја тоалета, но сепак го прават вашиот стил беспрекорен.

 Удобни патики

patiki

Сигурно мислите дека токму овој пар на чевли воопшто не е погоден за работната гардероба. Жените кои користат јавен превоз или, пак, се движат пеш до работното место, сепак ги користат секојдневно. Можете да ги соблечете, откако ќе стигнете во канцеларијата. Верувајте ни, така е далеку поудобно.

Балетанки

9(458)

Никогаш не знаете кога ќе ви биде потребно да излезете од канцеларијата за итен случај, па затоа бидете сигурни дека имате и друго освен непријатните потпетици. Овие балетанки можат да стојат крај вашиот монитор и да чекаат удобен момент да ги спасат нозете од мачењето на високите чевли.

Класични црни високи потпетици

10(393)

Никогаш нема да згрешите ако го обуете класичните црни високи потпетици на својата бизнис тоалета. Покрај софистицираност, тие ќе влејат и доверба.

- Реклама -