Најдобрите чаеви според крвната група

СПОДЕЛЕТЕ

Со оглед на тоа што сме во период кога се консумираат многу чаеви, еве како да го одберете најдобриот според вашата крвна група.

Крвна група 0

Кога е исхраната во прашање, на оние кои ја имаат оваа крвна група им одговара консумација на месо, а би требало да избегнуваат млеко и глутен. Иако добро се справуваат со стресот, нив најчесто ги мачи желудочната киселина. Чаевите кои им се препорачуваат на луѓето со крвна група 0 се на основа на ѓумбир, женшен, зелен чај и мате, кој е позната замена за кафе.

Крвна група А

Станува збор за многу емотивни и аналитични луѓе, подложни на стрес, заради што имаат постојано високо ниво на кортизол, хормон на стресот. Иако кафето не им пречи, потребата за претежно растителна храна, медитација и јога, совршено ќе се надополни со секојдневна консумација на чај од јасмин, мешавина од сребрен јасмин и зелен чај, како и мешавина од невен и мајчина душица.

Крвна група Б

Луѓето со крвна група Б имаат бавен метаболизам, склони се кон автоимуни болести, дебелеење, летаргија, хроничен замор и нередовен сон. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, а на прво место е бактеријата Ешерихија коли. Пожелно е да пијат млад зелен чај, органски зелен или црвен ројбос, како и имуномешавина од бозел, ројбос, жалфија и маточина.

Крвна група АБ

Луѓето кои ја имаат оваа група се интуитивни, не се толку склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Би требало да се фокусираат на посебни видови зелен чај, нане, божур, сандаловина, како и напитоци од ориз. Идеален избор на чај за нив е мешавина од зелен чај и нане. За мажите со оваа крвна група особено се препорачува мешавината од коприва, нане и ројбос.

- Реклама -