Експертите со нови заклучоци за секоја старосна група: Колку сон ви е потребен?

СПОДЕЛЕТЕ

Прашањето е старо колку што е и времето: Колку сон навистина ми е потребен?

Непрофитната фондација National Sleep во соработка со 18 проминентни медицински научници, организираа панел-расправа на која беа прегледани и земени во предвид преку 300 студии во врска со спиењето, во обид конечно да одговорат на прашњето.

Се разбира, краткиот одговор е „зависи“. Не постои магичен број што може да одговара на секој поединец, но постои „златна средина“ која одговара на повеќето од одредена старосна група. Фондацијата објави осовремена и усовршена листа на оптималната количината на сон за сите старосни групи на луѓе. Еве ја во продолжение:

Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа на ден
Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа на ден
Дечиња (1-2 години): 11-14 часа на ден
Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа на ден
Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа на ден
Тинејџери (14-17 години): 8-10 часа на ден
Млади (18-25 години): 7-9 часа на ден
Возрасни (26-64 години): 7-9 часа на ден
Постари лица (над 65 години): 7-8 часа на ден

Иако генерално останува ставот дека 7 часа спиење се златната средина за возрасните, за разлика од досегашните препораки, листата воведува две нови категории: помлади возрасни и постари возрасни. Друг новитет е што за разлика од до сега, се препорачува по некој час повеќе сон за помладите индивидуи.

Добриот ноќен сон не е лесен како што звучи, но е многу важен за здравјето. Погрижете се редовно да ја добивате потребната количина.

- Реклама -