Сигурно си Македонец ако…

„Како знаеш дека си Македонец“ е статус објавен на Фејсбук кој се шири со огромна брзина меѓу корисниците на социјалната мрежа.

Се пронаоѓате ли?

– Кога ќе запознаеш странец прво го учиш да пцуе

– Имаш барем еден роднина со кого си скаран

– Во домот имаш календар со светци

– Мајка ти уште од мал те учи дека промајата убива

– Во домот ракијата служи за лекување на сите болести, за прослави, за сите пригоди и како лосион за масажа

– Баба ти никогаш не го прифаќа фактот дека не си гладен

– Кога си бил мал ти велеле дека ќе ти порасне опашка ако пиеш кафе

– Кога ќе видиш бебе, мора прво да го поплукаш три пати

– Кога си бил мал те плашеле со вештерка

– Ако дремнеш попладне, мора да ја покриеш половината

– Мајка ти не ти дава да пиеш студена вода кога си испотен

– Една недела по Божик или Велигден имаш сарми за ручек

– За време на ручек, се јаде цел леб

– Ракија се пие пред појадок, за циркулација…

- Реклама -