Како емоциите се изразуваат врз телото?

СПОДЕЛЕТЕ

Во текот на последните неколку години, научниците ширум светот, се обидуваат да разберат како нашата емотивна состојба и енергија во организмот влијае на здравјето и развојот на болести.

Конечно успеаа да создадат слика на оваа тема.

Начинот на кој емотивно се поврзуваме со другите е можеби поважен за нашето здравје од вежбањето, медицинските третмани и правилната исхрана. Физиолошките сензации што ги доживуваме, во зависност од тоа дали сме бесни, исплашени или среќни, всушност се наоѓаат во различни делови од нашето тело. Наједноставен пример кој секој од нас го искусил се црвенилото на образите, кое се создава како резултат на срам. Тоа покажува дека чувството на срам се пренесува во фацијалните мускули.

mapaosecanja_1420473813

Прво истражување кое мапирало на кои делови од телото влијае одредена емоција, било изведено од страна на фински научници. Мапата е направена на основа на анализа спроведена врз 700 волонтери. Докажано е дека секоја емоција активира одредени делови од телото. Секоја ќелија, мембрана, ткиво, жлезда, орган реагира на различна емоција.

Како што можеби сте забележале, среќата е најзначајно чувство кое влијае на целиот организам, а централните делови што ги погодува се лицето и градите. Друга најсилна емоција е љубовта и како што можете да видите на сликата, кога сакаме некого или нешто, се активираат три зони на телото – градите, лицето и долниот дел околу стомакот ( оттука е чувството на пеперутки во стомакот, кога се заљубуваме). Од друга страна, гадењето ја активира зоната која се наоѓа околу грлото и устата. Бесот воглавно минува низ градите и долниот дел од лицето, како и рацете.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ