Франција постави кафези околу клупите, за да не спијат бездомници

СПОДЕЛЕТЕ

Пионери се САД и Лондон, кога поставија шилци на клупите и ќошињата на кои често спијат бездомници. Сега, во духот на Божиќ, и Франција тргна по нив, па дури и ги надмина нивните чекори.

Имено, градот Ангулеме постави метални кафези околу клупите и целосно го оневозможи пристапот до нив, не само за бездомниците, туку и за сите останати. Многумина останаа запрепастени од ваквата бизарна одлука, а својот гнев го изразија на социјалните мрежи, повикувајќи ги надлежните да ги отстранат таквите срамни мерки.

B526YFfCMAI_fKi[1]

Еден од коментарите на Твитер, иронично предвидува дека „Следната година, оградата ќе биде електрифицирана“.

Но, осудата не беше присутна само на Интернет. И локалните жители се изјаснија на страната на бездомниците, сметајќи ја одлуката за срамна и нечовечна, особено што се случува за време на вакви големи празници кога луѓето би требало да бидат најмногу солидарни и љубезни. Двајца тинејџери демонстративно се качија во кафезите и одбиваа да ги напуштат . „Бевме бесни, како што беа и сите други. Си рековме, мора нешто да направиме околу ова“.

B53YaDUCIAAcrs5[1]

 

Градоначалникот Хавиер Бонефонт, пак, застана во одбрана на одлуката. Според него и неговиот заменик, клупите биле „ексклузивно користени само од лица кои често конзумираат алкохол“. Не дека во таквиот аргумент нема вистина, ама поплаките доаѓаат главно од сопствениците на бизниси во таа област, кои се жалат на присуството на „пијани скитници“ и дека тоа нивно присуство е „лошо за бизнисот“.

Добрата вест е што по жестоките и масовни реакции на интернет, но и на јавноста, синоќа кафезите беа отстранети. Но, како што вели Бонефонт, тоа е само привремено решение. Конечна одлука се уште не е донесена, а проблемот повторно ќе се разгледува во јануари.

- Реклама -