Мечките умеат да бројат како приматите

СПОДЕЛЕТЕ

Многу луѓе брзо ќе прифатат дека мечките се паметни животни. Всушност, повеќето биолози ги сметаат мечките за едни од најинтелигентните копнени цицачи на Земјата а сепак има многу малку формално истражување за подршка на она што во основа е општоприфатена вистина.

Но сега Џенифер Вонг и Мајкл Беран демонстрирале дека црната мечка од Северна Америка може да разликува помеѓу групи точки на компјутерски екран, врз основа на бројот на точки во секоја група. Експериментот бил релативно едноставен. На мечките им биле претставени две групи точки. Истражувачите истренирале две мечки да ги одбираат поголемите групи а трета мечка да ја одбира помалата.

„Во некои тестови релативниот број на точки беше еднаков со релативната површина на групите, додека во други бројот на точки беше различен од површината. Сите мечки покажаа задоволителни резултати во двата типа на тестови со статични точки.“ Со други зборови, мечките бирале врз основа на бројот на точки а не на површината која тие ја опфаќаат.

Истражувачите исто така забележале дека мечката која била тренирана да ги бира поголемите групи имала поголем успех кога точките се движеле. Па дали мечките можат да бројат? Насловот на статијата во која се опишани наодите го налага токму тоа. Всушност резултатите на мечките се слични со оние на примати тестирани во претходни студии. [Study proves bears can “count” as well as primates]

- Реклама -