Прашањето пред празниците: Колку храна фрламе?

Овој импресивен проект на „nationalgeographic” има за цел да ја исцртува количината на храна што едно просечно американско семејство од четворица членови ги исфрла за една година, имено – 40% од вкупната количина што ја купуваат за истиот временски период. Главни актери се фотографот Роберт Кларк, семејство Валдано од Њу Џерси и авторката Џена Тарнер.
Во пресрет на празниците, кога продавниците се преполни, добро да се запамети дека околу една милијарда луѓе во земјата умираат од глад.

Во исто време, само во рамките на Европската унија годишно се фрлаат 100 милиони тони храна. И ако тоа не ни е доволно или ни се чини далечно, да се потсетиме дека и во земјава има луѓе кои ќе ги пречекаат празниците на работ на опстанокот.

Колку храна ни е потребна всушност ?!

 

- Реклама -