Позитивно видео: Се појави со нејзиното розево палтенце и им го обои денот на случајните минувачи

Ова мало и симпатично девојче со својата ведра и разиграна појава успеа да им разбуди насмевка на лицата на сите присутни кои чекаа метро во една подземна железничка станица во Њујорк.

Чекајќи го превозното средство заедно со нејзината мајка, таа почнала спонтано да танцува на музиката на уличниот Coyote and Crow бенд.

По извесно време се приклучиле и некои од присутните минувачи. На крајот симпатичното девојче добило голем аплауз, како и YouTube видео кое го погледнале повеќе од 3 милиони корисници за само неколку дена.

- Реклама -