Денеска е светски ден на борбата против СИДА

Веќе 26-та година по ред, на денешен ден се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ / СИДА.
На денешен датум меѓународните здравствени организации се обидуваат да го насочат вниманието на јавноста на борбата и превенцијата на болеста.

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори.Сидата е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки дефицит“ (француски: Syndrome d’immunodéficience acquise), а AIDS потекнува од англискиот назив за „стекнатимунодефицитарен синдром“ (англиски: Acquired Immunodeficiency Syndrome).

Постои разлика помеѓу поимите – ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. Тоа се две поврзани но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат. Хив позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способна за физичка работа или било која друга активност.

Вирусот најчесто се пренесува преку сексуален однос, а има случаеви каде што е пренесен преку доаѓање во контакт со заразена крв, преку заразена мајка во текот на бременоста (каде што вирусот се пренесува на детето), преку доење на дете од страна на заразена мајка, пораѓање итн. Вирусот неможе да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни. Со цел за превенција, во многу земји ширум светот се спроведуваат различни активности во едукацијата на луѓето за начинот на пренесување на вирусот и мерките кои се превземаат за да не би дошло до инфекција. Засега не постои лек или вакцина кои загарантирано можат да го излечат вирусот. Сепак, антиретровиралните лекови можат да го продолжат периодот на траење на инфекцијата пред нејзиното мутирање во фаза на сида.

Според податоците во програмата на Обединетите Нации (ООН) и Светската Здравствена Организација (WHO) за хив вирусот и сидата, од појавата на оваа болест, заклучно со 2008 година, во светот вкупно биле заразени околу 60 милиони луѓе, а од сида умреле околу 25 милиони луѓе. До крајот на 2008 година од ХИВ биле заразени околу 31,3 милиони возрасни и околу 2,1 милион деца.

- Реклама -