Home УмниБус Семејство Писмо од татко до неговиот син, како да се однесува со жените

Писмо од татко до неговиот син, како да се однесува со жените

4

Нашата конфузија во однос на жените започнува од порано:
Минатата пролет во нашето соседство се пресели ново семејство. Тие имаат ќерка која е во основно училиште. Во исто време во нашиот двор си играат групи од шест момчиња.

Кога им предложив на момчињата да ја поканат, едно од нив одговори: „Но, ние не знаеме што да правиме со девојките!”. Останатите пет момчињата брзо почнаа да му се смеат.

Нас нè учат дека жените се фундаментално различни од нас. Тие имаат емоции, а мажите имаат мускули. Жените сакаат да зборуваат, а мажите сакаат да делуваат. Жените сакаат љубов, а мажите сакаат почит. Мажите се од Марс, а жените од Венера. Обучени сме да веруваме дека се вонземјани.

Обучени сме да веруваме дека тие си играат различно во пролетното попладне.

Нашата конфузија во однос на жените започнува од порано.

Во она пролетно попладне им реков на момците дека ја знам тајната за тоа како да се однесуваат кон една девојка. Ги собрав околу себе, а  тие ми се насмевнаа соученички. И тогаш им шепнав: „Однесувајте се кон нив како кон човек . “Насмевката исчезнаа од лицата на момчињата.

Тогаш тие ја поканија девојката да си игра со нив. Само по неколку минути сите отскокнуваа на тобогани. Истата енергија, истата смеа, истата радост. Луѓето се луѓе заедно.

Младо момче, ние можеме да престанеме да се однесуваме со жените како со жени и да почнеме да се однесуваме со нив како со луѓе .

Нашето поробување на жените исто започнува од порано:

Од векови ни се импутира дека не само што жените се различни од нас, туку и дека тие се нешто помалку од нас. Во САД на пример 15-иот амандман на Уставот им дава право на расните малцинства да гласаат во 1870 г, но биле потребни уште 50 години и уште четири поправки пред да се даде тоа право на жените. Со векови жените биле притискани и принудувани да молчат. Ние сме ги користеле жените како тела на најжесток начин, сме ги користеле за забава – со поглед, со гест, со потсмев, со фантазии и навидум сме го негирале сето тоа.

Ние сме го добиле ова наследство.

Младо момче, ние можеме да го прекинеме ова ропство и односот кон жените како кон некој предмет, и можеме да почнеме да се однесуваме со нив како со луѓе . Како уста со глас и душа со цел.

Но, има само еден начин да се постигне ова: Прво треба да престанеме да се мразиме себе.

Има едно златно правило во животот и во љубовта, кое гласи: квалитетот на љубов кон другите секогаш е ограничено до квалитетот на твојата љубов кон тебе самиот. Нашето отфрлање на хуманоста кај жената е одраз на нашето сопствено самообвинување. Ние не можеме да го прифатиме нејзиното кревко срце и нејзината душа, бидејќи не можеме да го прифатиме и своето кревко срце и разбиена душа.

Младо момче ние сме научени да се штитиме, ако се чувствуваме слаби или ранливи. Обучени сме да сме толку добри, колку што е нашето следно освојување.

Научени сме да сме секогаш во право и фер. И кога ќе погледнеме во себе и откриеме колку сме несигурни и полни со сомневања, колку сме исплашени и осамени, ние го презираме она што го гледаме. Чувствуваме една внатрешна душевна празнина, која се обидуваме да ја пополниме со надворешни искуства

Како достигнувања,

богатство,

предмети,

и луѓе со кои се третираме како со предмети.

Жените се опседнати со мислата за нивните тела, бидејќи така се научени. Ние мажите, исто така сме опседнати од телата на жените. Предолго ни се повторува дека внатрешната вредност не е од значење, туку само однадвор е она што вреди и има вредност. Затоа многу често ние само тоа и го гледаме.

А сепак во зборовите на еден поет „Ние не можеме да ја пополниме празнината со предмети, имот или луѓе. Ние треба да нурнеме подлабоко во таа празнина; потоа ќе го најдеме внатре пламенот на љубовта, кој чека да не стопли. ”

И така, младо момче, единствениот начин да ги промениме вековите на конфузија и ропство е да копаме подлабоко во своите срца.

Престани да се обидуваш да го заработиш срцето на жената, или да го освоиш нејзиното тело. Наместо тоа погледни во сопствената душа. Најди го она што навистина е важно не она што го правиш , ниту пак што поседуваш , туку кој си во реалноста. Најди ја љубовта, која ќе те натера да го имаш човекот во себе – да ги прифатиш и силните и слабите страни, и победите и загубите. Еднаш ако ја откриеш оваа љубов започни великодушно да ја подаруваш на некој околу тебе. Вклучувајќи ги и жените.

Особено жените.

Со надеж за сите нас,

Еден татко

4 COMMENTS

  1. Интересно
    е тоа што упорно никој НЕ сака да спомене
    пораки и наредби од Пресветлиот Бог за
    еден праведен и добар однос со жените.
    Во Светото Писмо насекаде се кажува да
    се сакаат жените како самиот себе си и
    да се гледаат еднакви со себе си, да се
    грижиме за нив, како што се грижи Господ
    Исус Христос за нас. И многу, многу други
    добри пораки кои создаваат здрав однос
    во човештвото.

    Горе
    споменато писмо не е единствено. Можете
    да цитирате цели книги од разни светски
    писатели, кои опоменуваа за злоупотреба
    на жените.

    Скоро
    сите медиуми никако да почнат да читаат
    литература на образование, кое го
    оплеменува духот на човекот.

    Со
    векови имаме предупредувања од Пресветлиот
    Бог за сериозноста на односот човек со
    човечица. Со векови моралистите и
    етичарите не опоменуваа за тој однос.
    Со векови разни светски благородни
    писатели опоменуваа за тоа истото. А
    сега, …. кога никој не ги гледа тие големи
    предупредувачи, сега бараме од најмалите
    луѓе.

    Да.
    И тие (сите ние) се луѓе, но давање значај
    на тие мали, а арогантно избегнување на
    големите е одраз на сопствената себичност
    и доказ за постоење на злото кое сите
    ние го одржуваме. А тоа е да себе си се
    представиме како бог во нашето друштво.

    Писмото
    од -таткото до синот- е со порака
    приспособена за денешницата, која помага
    за психолошко одстранување на подмуклото
    присаство на зли мисли. Силна развиена
    трговија со жени во двадесетипрвиот век,
    силувања, психо – физички малтретирања
    (сепаратистички шовинизам, уцени,
    насилие, сексуална дискриминација,…).

    Но
    тоа НЕ можете да го видите без СВЕТИТЕ
    зборови од Пресветлиот Бог. Не зборувам
    за религија (таа е отров), туку за светоста
    на побожниот живот (не фанатизам).

    • На текстот на сликата пишува ‘На жалост, скоро секогаш жената го засакува злобниот човек (се мисли на строг, спонтан, по ладен, со потенцијал за насилен), а добриот човек го злоупотребува (остава на крај).

      Јас мислам дека тоа е точно и дека тоа е природното во нас, животинското. Колку и да се пробува да се сузбие тој однос со било каков начин на постигнување на “свесност” кај мажите и жените, природното си останува секогаш врежано во нас.
      Ние сепак сме животински вид на оваа земја, не сме паднати од Марс.

      Ме интересира ти што мислиш за овој дел од текстот од сликата што ја имаш поставено.

      • Read the order

        Genesis 1: 26
        Genesis 2.7
        The first book of Moses 1: 21-23
        The first book of Moses 2: 24
        Proverbs of Solomon 19: 14
        Proverbs of Solomon 31: 10
        Proverbs of Solomon 18: 23
        Epistle of the Apostle Paul to the Colossians 3: 18-19
        First Epistle of Paul the Apostle to Corinthians 7: 3-5
        First Epistle to the Apostle Peter 3: 7
        Letter to the Apostle Paul to Ephesians 5: 25-30
        The Gospel according to Matthew 19: 4-6
        Apostle Paul’s letter to the Romans 12: 5-19 (and in general the whole head 12)

        2015-01-11 1:55 GMT+01:00 Disqus :

        • читај го ти прашањето?
          Што мислиш за делот од текстот од сликата што ја имаш поставено?
          дали е тоа природно кај сите нас? и во поголемиот број случаи се повторува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here