Видео рецепт: Зеленчук на кинески начин

Јадењата пржени со мешање секогаш се добра идеја кога немате многу време, а сакате да зготвите здраво јадење.  Дали знаевте дека вок тавата е измислена во период од кинеската историја кога имало недостаток на гориво?


Вок тавата во тој период обезбедила начин за брзо готвење со малку гориво. Тоа е оригиналната брза храна!

Ќе се изненадите колку ова јадење е добро… Толку едноставно и брзо, но ќе посакате да сте направиле повеќе. Одбравме природно сладок зеленчук како што се пиперките и црвениот кромид кои одлично се комбинираат со солениот соја сос. Ова јадење е мелем за очите и празник за устата. Вок тавата бргу ќе стане едно од вашите омилени помагала во кујната.

{youtube}Iu11lR1o2qM{/youtube}

- Реклама -