Home Технологија Интернет Сурова злоупотреба на фотографиите од Фејсбук

Сурова злоупотреба на фотографиите од Фејсбук

0

Британката Верити Кук (28) останала збунета кога нејзините пријатели и покажале неколку неколку нејзини фотографии, што се појавиле на секси страна за парови.Нејзините фотографии се пронашле на женски профил под име Вики на кој пишувало дека е поранешен модел и бара „надарени момци“. Меѓу фотографиите од профилот биле и фотографии од теретана во тесни хеланки и маичка.

Она што најмногу ја ужаснало е тоа што фотографиите на нејзиниот Фејсбук не биле јавно објавено, туку можеле да ги видат само нејзините пријатели. Верити вели дека нема идеја кој би можел да биде Вики и зошто некој би и го направил тоа.

– Веројатно е некој од моите пријатели на Фејсбук, но не знам кој бидејќи на листата имам повеќе од 2.000, вели таа.
– Кога видов дека напишале дека сакам добро надерени дечки бев лута, тоа е ужасно, вели таа и додава дека голем дел од луѓето знаат дека не се работи за неа, но сеедно тој профил навистина и е ноќен кошмар. – И јас сум поранешен модел, како што е наведено на тој профил. Но, не сум се фалела со тоа. Една од фотографиите ја објавив минатата седмица. Никој не сака да ми се одмазди, барем јас така мислам, додава таа.

Спорниот профил веќе е отстранет од лажната страна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here