Поучна приказна: Орел меѓу кокошките

СПОДЕЛЕТЕ

Еден човек нашол неиспилено орловско јајце, па го ставил во едно од кокошкините гнезда во својот кокошарник.

Малиот орел се испилил заедно со другите пилиња, а со нив и пораснал. Целиот живот, орелот мислел дека е еден од нив и го поминувал клукајќи наоколу во потрага по бубачки и глисти, кокодакајќи и мафтајќи со крилата, едвај одлепувајќи се од земјата.

Поминале години, а орелот остарел. Еден ден, високо на небото забележал чудесна птица, со моќни раширени крила, како лебди на ветрот. Додека вчудоневидено гледал нагоре, прашал:

– „Што е тоа?“

– „Тоа е орел, крал на птиците“, рекла една од кокошките. „Тој припаѓа на небото, додека ние кокошките, припаѓаме на земјата“.

Така, орелот остарел и умрел меѓу кокошките, без да знае дека и тој самиот е „крал на птиците“.

- Реклама -