Виц: Македонец во Лас Вегас (+18)

СПОДЕЛЕТЕ

Отишол Македонец на викенд во Лас Вегас, да се коцка. Се живо изгубил, па му останал само еден долар и повратниот билет за авионот кон Македонија. Кога само би можел да стигне до аеродромот, ќе се врати дома и се ќе биде во ред.

Излегол од казиното каде што чекало такси. Влегол и му ја објаснил ситуацијата на таксистот, ветувајќи му дека ќе му ги испрати парите преку банка.

Таксистот без двоумење му се развикал: „Ако немаш 15 долари, марш надвор од моето такси!“

Така, Македонецот бил принуден да оди со автостоп.

Една година подоцна, тој повторно заминал во Лас Вегас, да се коцка. Овој пат добил многу пари. Чувствувајќи се добро во својата кожа, излегол пред казиното за да фати такси до аеродром. На крајот од колоната таксисти, го забележал истиот таксист што одбил да го превезе минатата година.

По кратко размислување, Македонецот влегол во првото возило во редот и прашал: „Колку чини превоз до аеродромот?“

„15 долари“, одговорил таксистот.

„А колку ќе ме чини ако ми го испушиш по пат?“, прашал пак Македонецот.

„ШТО?! ИЗЛЕГУВАЈ ОД МОЕТО ТАКСИ“, очекувано се налутил таксистот.

Македонецот влегол во секое од таксињата во колоната, поставувајќи ги истите прашања, и секогаш со истиот резултат.

Кога стигнал до неговиот стар „пријател“, влегол во колата и прашал: „Колку чини превоз до аеродромот?“

„15 долари“, одговорил таксистот.

„Ок“, рекол Македонецот, па тргнале.

Додека поминувале крај паркираните колеги, Македонецот упатувал широка насмевка и му намигнувал на секој од таксистите.

- Реклама -